Пребарување
Сите категории
    Menu Close
    Back to all

    Секојдневни 7 намирници за појак имунитет

    Секојдневни 7 намирници за појак имунитет

    Преку целата година се трудиме сите, а најповеќе за своите деца, да имаме одличен и јак имунитет. Овој временски период е период кога треба сите повеќе да внимаваме на нашето здравје. Во прилог ви откриваме седум намирници од нашата секојдневна кујна, кои со правилна употреба при исхрана, би можеле да имаме одличен имунитет.

     

    ЈАБОЛКА

     Јаболката е една од најважните овошки која треба постојано да ја консумирате. За добар имунитет потребни се сирови јаболки, кои треба да ги јадете со кора, бидејќи во неа се концентрирани сите витамини. Јаболката пред с? е извор на влакна, кои се многу важни за вашиот имунолошки систем и придонесуваат за намалување на воспаленијата. Доколку пак сакате да ги подготвувате јаболките, тогаш додадете и цимет, не само поради тоа што комбинацијата е превкусна, туку поради изразените потиввоспалителни својсва.

     

    БРОКУЛА 

    Брокулата е еден од најдобрите извори на витамини К и Ц, како и на калиум и влакна, кои помагаат на подобрувањето на дигестивниот тракт и зајакнување на пробиотската флора. Витаминот Ц е клучен за создавање колаген, кој ги зајакнува ткивата и коските и го забрзување зараснувањето на раните, а покрај тоа е и моќен антиоксидант кој го штити телото од слободните радикали.

     

     

    ЦИТРУСНО ОВОШЈЕ

     Познато е дека цитрусното овошје е преполно со витамин Ц, а покрај тоа има и големи предности за здравјето. Покрај тоа што содржи фавоноиди, кои помагаат за работата и здравјето на срцето, содржи и антиоксиданти, кои го намалуваат холестеролот. Витаминската бомба во црвениот грејпфрут или портокал му помага на телото полесно да ги поднесе сите настинки.

     

    СЛАДОК КОМПИР

    Слаткиот компир последните години с? почесто е дел од секојдневната исхрана, не само поради слаткиот вкус, туку и поради значајните здравствени својства. Овој компир е одличен извор на калиум и помага во обновување на електролити, па со самото тоа и на функционирањето на мускулите и срцето. Покрај тоа, богат е со влакна и јаглехидрати, кои откако ќе ги внесете ќе ви пружат доволно енергија.

     

    ПАШКАНАТ

    Пашканатот е богат со фолна киселина, витамини Б6 и Б5. Витамините Б се пресудни за функционирањето на метаболизмот и производната енергија. Пилешката супа со пашканат е добро познат лек против настинки. Исто така, можете да го подготвувате и печен со малку маслиново масло, бибер и сол, со што ќе се зачуваат сите нутриенти во него, без да се изгуби вкусот.

     

    ТИКВА

    Тиквата е најактуелна во есенските денови, но сепак треба да ги знаете нејзините здравствени придобивки. Покрај тоа што е богата со антиоксиданти, тиквата содржи витамини А, Ц и Е, а нејзините семки се полни со влакна, протеини и минерали.

     

    ЛУК

    Здравствените предности на лукот се добро познати. Две чишниња лук дневно ќе ви помогнат да го подобрите имунолошкиот систем.

    Коментари
    Оставете коментар Close
    Really cool article!