Пребарување
Сите категории
    Menu Close
    Back to all

    За децата кои одат во градинка

    За децата кои одат во градинка

    Сите деца кои одат во градинка имаат и уживаат во различни придобивки од таквата средина. Децата стекнуваат искуство и вештини со кои ќе бидат подготвени за училиште и во идната академска кариера. Во градинката тие се учат како да се однесуваат под авторитет во институции кои се наменети за нивно образование и развој. Тие стекнуваат самоконтрола и имаат увид во тоа како нивните постапки и однесување влијаат на другите. Тие се учат како да решаваат конфликти и проблеми без физичка пресметка или врескање. Додека се во градинка тие се соочуваат со ситуации во кои треба да бидат многу трпеливи и да чекаат на ред. Тие учат дека иако не се први во се, многу важно е да продолжат да се обидуваат и понатаму во одредена активност која сакаат да ја постигнат. Градинката е идеално место за стекнување на добри хигиенски навики. Воспитувачите ги потсетуваат да си ги измијат рацете после играње надвор, пред да јадат и по одење во тоалет. Кај децата се развива натпреварувачки дух, се учат да прифаќаат пораз и да согледаат колку е важен нивниот вложен труд. Децата се учат визуелно да препознаваат зборови и на тој начин полесно го совладуваат и процесот на читање. Тие учат како правилно да ги изговараат зборовите, да го следат текстот додека ја слушаат воспитувачката како чита. На тој начин уште полесно ги совладуваат сите предизвици кои им ги             

    Коментари
    Оставете коментар Close