Она што е помалку познато е тоа дека за развојот на функционалното мислење најзначаен период е од третата до седмата година. Имено, 50% од синапсите (врски меѓу невроните) се развиваат до петтата година, до седмата нешто преку 70%, за тој процент во дванаесеттата година да изнесува 95%. Останатите 5% се развиваат и обновуваат до крајот на животот. Знаејќи дека интелектуалните способности се во директна врска со бројот на синапси, непотребно е да се нагласува колкаво е значењето да се поттикнува нивниот развој во раното детство.