Свртете ја ролната тоалетна хартија и видете колку пати ќе треба да пуштите вода на казанчето. Но внимавајте со секое пуштање на вода шољата може да ве испрска.
Животинското царство со свој воз. Пруга која поминува низ џунглата, за која има елементи од коцки исто така. Самото дете, употребувајќи си ја својата фантазија, може да си ја склопи својата стаза.
Забавна волан играчка со звуци од животно, возило и мелодии. На средината на воланот има мала книгичка, која кога ја вртитие страницата, се менува мелодијата.
Возбудлива и забавна игра, наредете ја пицата но внимавајте да не го изгуби балансот од раката на пица-мајсторот. Играта се игра со коцка на која има слики со производите кои што треба да се редат на пицата. Победник е оној играч кој ќе ги нареди сите форми на пицата, без таа да падне од раката на пица-мајсторот.
Музичка вртелешка за на креветче од Kikka Boo која делува доста стимулирачки и смирувачко на вашето бебе. Со самата игра на плишаните играчки и мелодијата, го водат вашето дете кон мирен и безгрижен сон. Вртелешката не работи на батерии, туку на навивање.
Целосен сет за дотерување на најмалите принцези. Комплетот содржи накит и шминка, која е пластифицирана. Огледалото и фенот за коса се на батерии. Огледалото испушта звук на магија при притискање на копчето, додека фенот дува со минимален млаз на воздух.
Друштвена игра Гасеница, одлична домашна забава. Победува оној кој ќе успее да стави највеќе топчиња во дланката на гасеницата додека таа танцува на музиката.
Одлична забавна друштвена игра за двајца. Секој од вас има свои топчиња и свој пиштол за пукање. Целта е да се погодат сите означени мети по ред. На кој прв му одлетаат метите, тој губи. Пиштолите се безопасни, ги успукуваат топчињата под проѕирна заштита. Играчката не користи батерии.