Loco Croco е бренд кој лесно и успешно се издигнува на домашниот пазар, а станува препознатлив и во соседните земји.
Моментално располагаме со 4 продавници во различни делови на Скопје и магацин за големопродажба, но ја негуваме и идејата за проширување и надвор од главниот град. Сакаме да бидеме поблиску до секој дом, до секоја детска насмевка.
Нудиме огромен асортиман на производи по прифатливи цени за да им излеземе во пресрет на сите родители кои имаат потреба да најдат се на едно место. Увезуваме и продаваме играчки за секоја возраст. Нудиме огромен избор на трицикли, велосипеди за деца, тротинети, автомобили на акумулатор.
Особено сме горди на нашата голема понуда на бебешка опрема, а уште повеќе на нашиот личен бренд на LOCO CROCO кој содржи детски седиштата за во автомобил , трицикли, детски колички и хранилки, кои веќе си обезбедија добро и препознатливо место на нашиот пазар.
Увезуваме и нудиме облека за секоја детска возраст, постелнини и бебешки креветчиња со висок квалитет. Понудата ја шириме во соработка со други познати брендови на нашиот пазар за да опфатиме многу категории на производи неопходни за секоја жена и мајка.
Loco Croco е семеен бизнис и како таков потполно ги разбира и исполнува потребите на сите нови родители. Олиснителна и забавна детска авантура е она што го развиваме со години. Секоја детска насмевка е наша инспирација и наша поголема добивка...
Dino е бустер седиште дизајниран со побарувачките дури и од најсложените родители. Тој нуди висока удобност и безбедност. Dino е така опремен што многу го олеснува патувањето со дете. Може да се инсталира брзо во секој автомобил што има 3-точки на безбедносни појаси.
Gator (Гатор) е меѓу првите и најдобрo продаваните артикли, топло добредојдено дополнувања во семејството на брендот Loco Croco. Ова седиште за во автомобил може да се користи за бебиња до 5 години, почнувајќи од првите денови од нивниот живот. Опремен со 4-позициско подесување на навалување, што овозможува сместување на бебето во режим и на лежење.
Седиштето Dino е одлична безбедност за вашето дете. Наменето за деца од 9 до 36 килограми. Лесно се прикачува и вклопува во вашиот автомобил. Има опција и за вадење на делот за грб и да го направите во бустер, кој се користи за повозрасни деца. Dino може да го користат деца од 9 месеци до 11 години. Има 5 бесбедносни точки на врзување со појасите.
Дрвени креветчиња направени од високо квалитетен медиапан. Самото креветче има и опција, механизам, за лулање со кое полесно ќе го смирите и успиете вашето дете.
Седиштето Vega е одлична безбедност за вашето дете. Наменето за деца од 0 до 25 килограми. Лесно се прикачува и вклопува во вашиот автомобил. Има 5 безбедносни точки на врзување со појасите.
Седиштето Cruiser е одлична безбедност со модерен и цврст дизајн. Наменето за деца од 9 до 36 килограми. Лесно се прикачува и вклопува во вашиот автомобил. Има 5 безбедносни точки на врзување со појасите.
Седиштето Nile е одлична безбедност за вашето дете. Наменето за деца од самото раѓање до 25 килограми. Лесно се прикачува и вклопува во вашиот автомобил. Има 5 бесбедносни точки на врзување со појасите.
Loco Croco LC3 Tрицикл кој го следи растот на децата. Еден од најудобните модели на трицикли со многу удобно, големо седиште.
Наменет за дечиња до 25 кг. Мек, удобен, квалитетен материјал на седиштето кој не поти.
Безбедносен систем со 5 точки на поврзување. Големо покривче за сенка. Помошни држачи за ноџињата на помали дечиња. Рачката за управување се подесува по висина. Помошна корпа за багаж.
Loco Croco LC2 е трицикл со многу удобно, големо седиште кое може да се ротира.
Наменет за дечиња до 25 кг. Мек, удобен, квалитетен материјал на седиштето кој не поти. Големо покривче за сенка. Помошни држачи за ноџињата на помали дечиња. Рачката за управување се подесува по висина. Помошна корпа за багаж.