Целта на форумот „LocoCroco.com“ е да Ви обезбедиме место за дискусии, дебати и размена на информации. За да создадеме заедница на споделени вредности, взаемно почитување и доверба меѓу членовите, но и да одржиме пријатна и релаксирана атмосфера, создадовме едноставни правила што треба да бидат почитувани од сите учесници во дискусиите.
1. Членство
- Секој има право да користи само едно корисничко име. Корисничкото име не смее да биде вулгарно, навредливо или да рекламира продукт, услуга или фирма.
- Корисничкото име може да биде избришано. Ако поради било каква причина сакате да се откажете од вашиот профил, можете истиот сами да го избришете.
- Корисничкото име може да се менува. Профилот кои го креиравте е во целост ваш и само вие може да манипулирате со истиот.
2. Општи правила за дискусија
- Користете кирилица.
- Форумот „LocoCroco.com“ е сочинет од лица со почит и толеранција кон останатите членови. Запомнете, дел од членовите веројатно нема секогаш да ги делат истите гледишта како вас.
- Не толерираме агресивно однесување, омраза, провоцирање и ВИКАЊЕ. Можеби вие сметате дека вашиот стил на дискусија е возбудлив, но ако останатите сметаат дека е несоодветен – мислењата ќе ви бидат избришани.
- Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно.
- Бидете учтиви и помагајте им на новите членови да се снајдат, наместо да ги напаѓате. Секој започнува од некаде!
- Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го со испраќање на е-маил на следната адреда forum@lococroco.com. Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворени и идентично отворени теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе процeнат дали и какви мерки треба да се преземат.
- Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани.
- Забрането е пишувањето на бесмислени работи со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења.
- Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, одете на копчето "измени", и вашето мислење ќе биде променето.
- Ако во рамките на вашето мислење сакате да вметнете текст од некој кој го пишал истото, посочете го и изворот.
- Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи.
- Забрането е публикувањето на порнографски слики и видеа.
- Забранети се мислења кои содржат лични податоци за други учесници во форумот, како и публикување на лична кореспонденција.
- Форумот не е место за спроведување на ваши истражувања или анкети.
3. Создавање на тема
За темите важат сите горенаведени општи правила за дискусија.
- Секоја тема треба да биде поставена во соодветната категорија.
- Не отворајте дупли теми. Пред да отворите одредена тема, прегледајте ги соодветните категории и искористетете го пребарувањето на форумот.
- Насловот на темата треба да е соодветен и да ја опишува содржината.
5. Реклама и самопромоција
- Не го користете форумот за реклама или самопромоција. Забрането е испраќање на мислења и лични пораки што рекламираат сајтови, фирми, организации, акции, продукти, услуги и сл, освен во случај кога некој член од форумот сака да му помогне на друг член со продукт кој може да му помогне на него/нејзе или него/нејзиното дете. Сепак потенцираме, истото треба да биде исклучиво со таа цел а не целта да е рекламирање на свој производ. Ако постои рационална и оправдана причина да ве промовираме или пак ако сакате да поддржиме или спонзорираме некоја ваша иницијатива, контактирајте со некој од членовите на модераторскиот тим.
- Забрането е барање на „лајкови“/гласови за наградни игри, натпревари или за други цели.
- Не се дозволени елементи од профилот на корисникот кои претставуваат реклама на сајт, продукт, фирма, услуга и сл. Линкови од ваков тип можат да се поставуваат во Контролен панел/Профил/Веб сајт.
6. Потпис
- Ако потписот содржи слика, препорачливо е таа да не биде повисока од 120 или поширока од 700 пиксела. Не се препорачуваат „мешани“ потписи (слика + текст).
- Потписот не смее да содржи пцовки, навредливи зборови, порнографски материјали, рекламни материјали и било каква пропаганда или агитација.
- Потписот не смее да содржи линкови кон сајтови што спаѓаат во било која од погоре наведените категории.
7. Слика на профилот (аватар)
- Аватарот не смее да биде од порнографски, рекламен или пропаганден карактер.
- Аватарот не смее да содржи дел од логото на "LocoCroco.com"
- Не е дозволено да се користат аватарите на членовите на модераторскиот тим (за да се избегнат забуни).
8. Лични пораки
- Најстрого е забрането испраќањето на рекламни или спамерски лични пораки.
- Забрането е масовно испраќање на пораки од типот „Здраво, имаш Skype?“, „asl pls“ и сл.
Ги молиме сите корисници кои ќе добијат вакви лични пораки да ги пријават со цел да бидат преземени неопходните мерки. За да пријавите лична порака, испратете е-маил на forum@lococroco.com.
9. Модератори
Модератори се членовите одговорни за уредување на форумот. Модераторите ја вршат оваа функција на доброволна основа, т.е. не се должни да бидат нон-стоп присутни на „LocoCroco.com“, ниту пак да ви одговорат на испратена лична порака до нив.
- Не прашувајте во темите зошто ви било избришано одредено мислење, заклучена одредена тема и сл. Најверојатно не сте ги почитувале правилата. Ако сметате дека некое ваше мислење било неправедно избришано, испратете лична порака до модераторот.
- Не се примаат барања за бришење на теми или мислења. Сме добивале вакви пораки: „Избришете ја темата ***. Дознав сè што ме интересираше и веќе не ми треба“. Или: „Избришете ми ги сите мислења. Другарките научија дека сум на форумов“. Ваквото однесување не само што ја уништува смислата на постоењето на еден форум, туку е и нефер кон сите оние што се потрудиле да ви помогнат. Не споделувајте премногу интимни работи ако не можете сами да си ја зачувате приватноста!
Модераторот има право да преземе соодветни мерки за да санкционира нечие однесување што пречи на дискусиите во темите или на друг начин влијае негативно на форумот, дури и притоа да не е прекршено ниту едно од горенаведените правила.
Доколку сметате дека одреден модератор ја злоупотребува функцијата, контактирајте не на следниот е-маил forummoderator@lococroco.com
10. Специјално за машките членови
- "Babyshop" не е место за да си барате партнерка. Постојат други сајтови за таа намена.
- Не пишувајте лични пораки со содржина од типот „Здр, како си?“, „Дај ми скајп“, „Ајде да се запознаеме“или пораки со сексуална конотација. Веднаш ќе бидете банирани!
11. Приватност
"LocoCroco" нема да објави никаква информација за ниту еден од членовите, освен ако не добиеме судски налог за тоа.