Пребарување
Сите категории
Menu Close
Back to all

Развивање на интелигенцијата преку игра

Развивање на интелигенцијата преку игра

Она што е помалку познато е тоа дека за развојот на  функционалното мислење најзначаен период е од третата до седмата година.  Имено, 50% од синапсите (врски меѓу невроните) се развиваат до петтата  година, до седмата нешто преку 70%, за тој процент во дванаесеттата  година да изнесува 95%. Останатите 5%  се развиваат и обновуваат до  крајот на животот. Знаејќи дека интелектуалните способности се во  директна врска со бројот на синапси, непотребно е да се нагласува  колкаво е значењето да се поттикнува нивниот развој во раното детство.

Со правилен избор на игри и активности, лесно е да се стимулира развојот на “малите сиви клетки”.

Следуваат десет предлози:

Игри на меморија (одлични се и за развој на способноста на перцепција и концентрација)

Класична игра на меморија со карти – потребно е да се пронајдат две  исти карти. Во зависност од возраста на детето одредете го бројот на  парови – за двегодишни деца се доволни 3-5 парови исти карти.

-          Игра наречена “Погоди што изеде мачката”

Земате плишана играчка која ќе биде мачка и неколку ситни играчки. Оставете го детето да погледне во ситните играчки и да ги именува. Потоа затворете му ги очите и сокријте една играчка.  Потоа поттикнете го  детето со прашањето - Погоди што изеде мачката, да погоди која играчка  недостасува. На тој начин го стимулирате вниманието и меморијата.

Друштвени игри (3+)

Околу третата година децата се подготвени за играње игри по однапред  утврдени правила. Наједноставни се игрите преку кои се вежба броење,  како “Не лути се човече”, преку која детето учи да брои и да помни  правила.

Сложувалка

Сите видови сложувалки, почнувајќи од троделните за најмлади, па до  оние со голем број делови, се одлично средство за развој на меморијата и  сфаќање на односот дел-целина.

Читање

Значењето на секојдневното читање, независно дали возрасна личност ќе  му чита на детето, или детето само ќе ја разлистува сликовницата, се  отсликува во развој на центарот за говор и збогатување на речникот, како  и развој на фантазијата.

Игра на повторување и дополнување

Ова е игра која најчесто се игра во кола во тек на патување. Првиот  учесник започнува реченица, вториот повторува и додава уште еден збор.  Пример:

-          Мечето беше на пазар и купи јаболка

-          Мечето беше на пазар и купи јаболка и круши

-          Мечето беше на пазар и купи јаболка и круши и играчки

Цртање

Цртањето е значајно за развој на креативноста и ја поттикнува  фантазијата. Низ цртежите се дознаваат многу нешта за емоциите на  детето.  Цртањето исто така може да го поттикне и интелектуалниот  развој.

Музика

Децата уживаат во произведување на звуци од различни предмети .  Звечалки, металофони, тапани, дајре....се само некои од инструментите кои  децата ги обожаваат. Не мора да имаат музички инструменти за успешно да  музицираат, доволни се дрвени или метални лажици и пластична кутија и  детето може да се забавува со часови.

Мини театарска претстава

Малите домашни театарски претстави со плишани играчки и со активно  учество на детето, се одличен начин за решавање на разни проблеми и  учење за правилата на однесување, комуникација, социјализација... Дадете  му на детето улога на возрасен, кој треба да реши некој проблем и тоа  може да ви помогне да согледате како одредени ситуации изгледаат од  детска перспектива.

Правење, креирање, рециклирање

Сето тоа се активности кои ја поттикнуваат креативноста и ги  развиваат сензорните способности на детето. Детето учи непосредно за  материјалите и предметите со кои работи.

Физичка активност

Најважната активност ја оставивме за крај - физичката активност. Едноставната ротација околу својата  оска активира голем број од невроните, посебно ако детето само ротира.  Исто е и со играта хеликоптер (родителот го фаќа детето за раце и го  врти). Трчање, прескокнување, додавање на топка се активности кои ја  стимулираат работата на окото (акомодација) и со тоа превентивно  делуваат  на некои пореметувања во учењето (докажано е дека некои облици  на дислексија настануваат заради забавена акомодација на окото).  Најобично дофрлање со сунѓераста топка, во дневната соба, ја развива акомодацијата на окото, координацијата на движењата, фаќањето со прсти.

Ова  се само некои од многубројните активности за поттикнување на развојот  на интелектуалните способности на детето. Важно е да се каже и тоа дека интелектуалниот развој во голема мера се случува спонтано и интуитивно  од страна на детето.

Детето секојдневно доаѓа до нови сознанија, а наша задача е да му  обезбедиме поттикнувачка средина како и да ја стимулираме радозналоста, креативноста, фантазијата.

Коментари
Оставете коментар Close
buy kamagra
kamagra 100mg
kamagra now
kamagra
buy kamagra
kamagra chewable
kamagra 50 mg
kamagra tablets